Српската актерка Даниела Штајнфелд ја потресе јавностa oткако во документарниот филм „Залечи ме“ (Heal Me), чиј автор е таа, откри дека на почетокот на нејзината кариера била силувана од „филмски моќник“, пишува „Мондо.рс“.

Многу колешки ѝ пружија поддршка на Даниела, а повеќето се согласуваат дека таа треба да открие кој е човекот што сексуално ја злоставувал за да добие соодветна казна.

Во трејлерот за филмот „Залечи ме“, Даниела се појавува на неколку секунди додека се доверува некому во видеоповикот преку лаптопот.

Во јавноста се тврди дека станува збор за разговор со силувачот кој таа, наводно, тајно ја снимила, кога наводно се соочила со него четири години по грозоморниот настан, пишува „Аваз.ба“.

„Залечи ме“ е документарен филм за последиците кои ги трпат жртвите и сторителите на сексуално насилство, засновано врз интимните сведоштва на преживеаните од сексуален напад. Филмот ги комбинира сведочењата на преживеаните од сексуален напад и секвенци од нивните подоцнежни животи, поставувајќи го прашањето: „Што може да се смета за закрепнување?“.

Даниела се заблагодари на Инстаграм, за сета пружена поддршка.

На актерката оваа ужасна ситуација ѝ се случила на почетокот на кариерата и се шпекулира дека тоа била една од причините зошто на врвот на славата замина од Србија за САД.

Документарниот филм „Залечи ме“ (Heal Me) неодамна беше прикажан на Филмскиот фестивал во Сараево.

Во меѓувреме, српските медиуми пишуваат дека обвинителството ќе покрене истрага, а дека актерката претходно ќе биде сослушана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.