По разделбата на Шакира и Жерард Пике што предизвика вистинска бура во шпанската и светската јавност, 45-годишната пејачка е забележана како сурфа во Шпанија.

Во друштво на 11-годишнот син Милан и неколку пријатели, Шакира е во навистина добро расположение.

Пејачката носи елегантен спортски костим за пливање со долги ракави и ногавици, а од фотките се гледа дека сурфа како вистински професионалец.

Во природно издание и без грам шминка, пејачката изгледа одлично.

Не е познат идентитетот на пријателите на пејачката, но со еден од нив изгледа како да е навистина блиска.

Шакира и 35-годишниот Пике се разделија пред околу две недели, наводно поради неверство од страна на Пике.

Уште пред да се разделат, во медиумите се појавија гласини дека Пике ја изневерувал. Исто така, Шакира буквално го избркала Пике од нивниот заеднички дом неколку недели пред да ѝ соопштат на јавноста дека се разделуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.