Средбата на пејачката, Цеца Ражнатовиќ со Мира, мајката на Богдан не била вообичаена, бидејќи во моментот Мира не е во Белград.

Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) веќе некое време е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (37) од Белград.

Според регионалните медиуми, Светлана Цеца Ражнатовиќ се запознала со мајката на нејзиното девет години помладо момче, Богдан Срејовиќ. А бидејќи г-ѓа Мира во моментот не е во Белград, состанокот бил „направен“ преку видео повик, за време на еден ручек.

Според „Ало“, пејачката убаво ја поздравила, а мајката не ја криела радоста поради фактот што нејзиниот син е со толку убава, паметна и успешна жена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.