По година и половина пауза, вчеравечер во клуб на еден од белградските сплавови настапубаше познатата српска пејачка Наташа Беквалац. Настапот привлекол доста гости, па во еден момент шоуто морало да биде прекинато. Сплавот буквално почнал да тоне од преголемиот број на луѓе, по што започнала итна евакуација на гостите.

Инцидентот бил регистриран и од српската полиција, за што повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Пред почетокот на настапот Беквалац расположено им се обратила на присутните ветувајќи лудо шоу.

Толку зажелев за настапи и за вас, така што извинете за сè ште ќе направам вечерва, се чувствувам како пуштена од ланец, рекла Беквалац, која на настапот се појави во провокативно црно боди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.