Помина многу време откако пејачката Лепа Брена (59) водеше борба со вишокот килограми. Но се уште се зборува за тоа, бидејќи многумина интересира како таа успеа да ја дотера линијата.

Брена за 6 месеци ослабела 17 килограми. Позната е по витките и долги нозе, а како успеа да се реши од вишокот килограми открила во една прилика. Рекла дека е невозможно да држи диета половина година, но на крај успеала.

Она што ја поттикнало да ослаби бил коментарот на еден келнер од почетокот на нејзината кариера кој и рекол: Мислев дека ќе дојде пејачка, а дојде трафостаница.

Ваквиот коментар ја повредил, ама и мотивира на промена.

Изутрина обично јадев едно или две јајца. За ручек обично јадев некаква посна супа без маснотии и фиде. Всушност тоа беше вода во која беше обарен зеленчук. Тука задолжително имаше и некое месо, направено на грил или варено. За вечера имав риба или месо со салата – раскажала Брена за својата диета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.