Богдана, снаата на српската естрадна ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и сопруга на младиот боксер Вељко Ражнатовиќ, успеа да целосно да се врати во форма по породувањето.

На социјалните мрежи Богдана често објавува слики и видео од неа како вежба во теретана, а со последното видео целосно ги остави своите фанови без збор.

На видеото се гледа како Богдана напорно вежба, но тоа не се „обични“ женски вежби, туку ни помалку, ни повеќе, таа крева тегови со тежина од 100 килограми!

Сепак, и покрај масивноста на теговите, Богдано направи дигањето да изгледа лесно, а единствениот знак за напорот е кога во еден момент таа само кратко изговори „Пекол“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.