Откако Аца Лукас се разведе од Соња Вуксановиќ, таа својот љубовен  живот го крие како змијата нозе. Меѓутоа, веќе со денови главна вест е дека поранешната жена на фолкерот си уловила милионер од Турција, Озкан Шен, кој е популарен пејач и хуманитарец, а се претставува како Мистер Џејд.

Тој толку е заљубен во поранешната на Лукас, што поради неа често престојува во српската престолнина. Дури и снимал спот во Белград.

Се запознавме пред неколку месеци на еден настан во Дизелдорф. Ја стекна мојата доверба на прв поглед, а тоа е многу тешко да се најде меѓу денешните жени. Можеби токму таа е причината што работата ме доведе во Белград. Овде луѓето се прекрасни, срдечни и од оваа земја секогаш си одам полн со впечатоци – изјавил тој за време на својот престој во Белград.

Според него, човек никогаш незнае што може да му се случи.

Никогаш не знаете што може да ви се случи и кога можете да се заљубите. Соња е прекрасна и јас имам сериозни планови со неа. Можеби ќе ми биде сопруга. Полека, ќе видите. Таа е разведена, а јас сум слободен и не гледам препреки во тоа – рекол Шен.

Тој најави дека може на свадба да го повика поранешниот на Соња, Аца Лукас да им пее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.