Гледачите на турските серии се сеќаваат на убавата актерка Ебру Озкан, која ја играше улогата на Дилара во серијата „Парампарче“.
Од 2016 година злобната Дилара е скопска снаа. Таа се омажи со својот колега, актерот Ертан Шабан, кој е роден во Скопје, а во јануари 2018 година ја добија ќерката Бирчик.

Ертан и Ебру се интересни за турските медиуми, а овие денови особено внимание привлече една папраци снимка, која го покажува Ертан во негативно светло. Турските медиуми го „уловија“ Ертан во друштво на еден свој колега и непозната русокоса, со која изгелдаат мошне блиско. Ертан и блондинката разговараат, а потоа почнуваат да се прегрнуваат и стануваат се поблиски.

Дека новинарски екипи ги снимаат забележаа дури на излегување од кафулето.

Русокосата се обидува да избега и да го сокрие лицето од камерите, а Ертан, пак, кој делува доста пијано, се обидува да ги вразуми новинарите велејќи им ека е женет човек.

Не правете глупости. Видете пријатели, јас сум оженет човек и имам дете, не може да има такво нешто, вели Ертан и продолжува да ги убедува новинарите да не објавуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.