Холивудската актерка, Скарлет Јохансон, Скарлет Јохансон, се омажи за својот свршеник Колин Џост на интимна церемонија, почитувајќи ги препораките за заштита од корона вирусот.

Веста за венчавката беше објавена во четвртокот од добротворната организација „Оброци на тркала“, која соопшти дека парот ги поддржува напорите на организацијата да им помогне на постарите луѓе за време на пандемија.

Воодушевени сме со објавување на веста дека Скарлет Јохансон и Колин Џост се венчаа минатиот викенд на интимна церемонија со нивното потесно семејство и саканите, следејќи ги безбедносните мерки на претпазливост за Ковид-19. Нивната желба е да помогнат да се направи разлика за ранливите постари лица во ова тешко време – напишаа од организацијата на својот Инстаграм профил, замолувајќи ги фановите на парот да дадат донација.

Претставник за односи со јавност на Јохансон ја потврди веста.

Јохансон и Џост, кој е писател и комичар во телевизиското шоу „Во живо во сабота навечер“ (Saturday Night Live), ја почнаа својата врска пред три години, а се верија во мај 2019 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.