Сите се простуваат од кралот на народната музика Шабан Шаулиќ. И оние кои го познавале и оние кои не го знаеле, и оние што го слушале, но и оние кои не знаат ниту една негова песна. Од пејачот се прости и Ивона Неговановиќ Цуца, која испишала тажни зборови крај својата фотографија на која е тажна поради големата загуба.

Факт е дека сум многу тажна и дека сакам сите да знаат дека  страдам и дека не ми е добро – напишала Цуца на својот Фејсбук.

Инаку Шабан Шаулиќ беше на чекор до развод од својата сопруга Гордана, поради врската со младата пејачка Цуца. Неколку години наназад јавноста зборуваше за тоа дека пејачот е во љубовна врска со Цуца, а таа врска ја следеа бројни скандали, обвинувања и клеветења. Сопругата на Шабан сето тоа достоинствено го поднесе и успеа да ја сочува семејната заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.