Лејди Гага ја прекина врската со својот вереник Кристијан Карино, изјави нејзин претставник за списанието „Космополитен“. Ова е прекин на втора посериозна врска на Лејди Гага, последниве три години и се случува на неколку дена пред Доделувањето на Оскарите, каде што пејачката е номинирана за најдобра женска улога за филмот „Ѕвездата е родена“.
Свеченоста ќе се одржи в недела, а предвидено е и таа да ја изведе песната „Shallow”, која инаку е тема од филмот.
Лејди Гага и Кристијан Карино се верија минатиот октомври, а заедно беа од почетокот на 2017 година, кусо откако Лејди Гага раскина со глумецот Тајлер Кини.
Лејди Гага и Карино, кој е и нејзин агент, изгледаа дека се во добри односи на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во јануари.
Но, будното око на обожавателите забележа дека на свеченоста по повод доделување на Греми наградите пред 10 дена, пејачката не го носела големиот веренички прстен.
Она што јавноста со месеци зборува е дека пејачката развила силни чувства кон Бредли Купер, нејзиниот колега од филмот, кои почнале уште за време на снимањето. Раскинувањето само ги засили овие гласини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.