Никогаш не сум била посреќна во животот, вели хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ воп интервјуто за хрватски „Таблоид“.

Ги фрлив сите маски. Тие не се лажни, но се наметнати, вели пејачката додавајќи дека досега никогаш не се почувствувала целосно среќна.

Последните неколку години Мартиновиќ многу се занимава со духовноста. Како што призна, таа слушала разни предавачи и мотивациони говори, од кои многу научила, но сака уште да работи на себеси.

Желба ми е да одам во манастир и неколку дена да бидам во програмата со молчење. Тогаш само би запишувала и би им пренела на луѓето кои се бенифиции ги има тишината и молчењето, вели таа.

Мартиновиќ рекла дека сака да го сподели своето искуство и со другите и колку што може да им помогне, да ги охрабри, утеши, мотивира…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.