Стефан Живоиновиќ вели дека неговата мајка Лепа Брена едвај чека тој да добие дете, како најпосле би станала баба. Семејството Живоиновиќ во март стана побогата за еден член, кога братот на Стефан, по татко, Филип, доби син со Александра Пријовиќ.

Младиот пејач истакнува дека би сакал и тој да застане на лудиот камен и на своите родители да им подари внуче.

Брена и Боба би се одушевиле кога би застанал пред нив и би им кажал дека се женам. Добро би ми дошол син или ќерка, а за нив внуче, па и Брена конечно би станала баба – вели Стефан и нагласува дека за него бракот е многу сериозна работа.

Родителите никогаш ништо не ми зборувале во врска со моите девојки, затоа што јас внимателно бирам. Не можам да се заљубам на прв поглед и веднаш да се оженам. Ми треба година, две, три добро да ја запознаам таа личност, да видам дали навистина ме сака, па дури тогаш можам да размислувам за венчавка –  вели тој.

Важно му е неговата избраничка да биде самостојна.

Важно ми е да има своја работа и амбиции. Што ќе ми е девојка која гледа во мене како теле – вели тој и додава дека му се допаѓаат многу девојки на естрадата, но би сакал да се скраси покрај некоја која е од друга приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.