Шабан Шаилиќ, кој почина во стравична сообраќајна несреќа пред речиси две години, остана запаметен во јавноста како пејач со кадифен глас, но тоа што малкумина го знаат е дека Шаулиќ бил голем љубител на спортот.

Тој преку 20 години играл фудбал, а честопати бил дел од различни ревијални натпревари. Доказ за тоа е фотографија направена во 1984 година во Белград, кога Шабан бил дел од музичка репрезентација.

На сликата може да се види Шабан (најлево во син дрес), заедно со негоивата колешка Слаџана Милошевиќ, која разговара со италијанската музичка ѕвезда Џани Моранди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.