Ексклузивното интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл на Опра Винфри ќе ѝ донесе голема заработка. За време на емитувањето на интервјуто, се наплаќало 325 илјади долари за 30-секундна реклама, што според пресметките на „Волстрит журнал“, ѝ донело заработка од 7 до 9 милиони долари.

Исто така, водителката успеа да ги задржи сите меѓународни права за интервјуто, што значи дополнителен приход од сите емитувања на специјалната емисија низ светот. Интервјуто се емитуваше вчера на „Си-Би-Ес“, а веќе денеска ќе се емитува на останатите телевизии низ светот. Пример, правата ги откупиле сите афрички земји, а на Балканот само една хрватска телевизија.

Не е познато колку им платила продукцијата на Хари и Меган за ексклузивното интервју кое трае два часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.