Меган Фокс и Брајан Остин Грин, по 10 години брак и уште шест години врска пред тоа, се разделија. Тоа го објави Грин во неговата интернет-емисија.

Јас секогаш ќе ја сакам. Знам дека и таа секогаш ќе ме сака мене, а тоа што го градевме со години, е навистина посебно  – изјави актерот во емисијата.

Тој натаму нагласи дека со Меган сè уште се гледаат заради семејните празници и дека цврстата врска меѓу нив е од витално значење за нивните деца. Гласините за разделбата започнаа откако Меган беше видена со колегата од филмот „Автоматски пиштол“, Колсон Бејкер. Но, ѕвездата од „Трансформери“ тогаш рече дека тој ѝ е само пријател.

Брајан и Меган се запознале на сетот на „Надеж и верба“, а почнале да се дружат во 2004 година. Двојката тогаш беше мета на критики затоа што Фокс имаше 18 години, а Брајан – 30 години.

Ова не е прва нивна разделба. Откако се венчаа 2010 година, Фокс поднесе барање за развод во 2015 година. Една година подоцна, но сега изгледа конечно е крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.