Белградскиот Основен суд  за уште 30 дена ја продолжи итната мерка за забрана за приближување и комуникација со сопругата на фудбалерот Душко Тошиќ, пренесува „Танјуг“. Тојво петокот на 7 јануари прично доби забрана од 48 часа за приближување од полицијата бидејќи ѝ удрил шамар на сопругата, пејачката Јелена Карлеуша.

Полицијата во петокот, откако пејачката пријави дека сопругот е насилен кон неа, интервенираше во нивниот дом, но Карлеуша одби да оди на преглед во здравствената установа за повредите и одби да оди во полициска станица за да даде изјава за инцидентот.

Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.