Неколкудневната агонија во која живееше семејството на Тамара Тодевска има среќен крај. Ари е дома и сега сите можат да здивнат.

Изгубен е Ари во Тафталиџе, ако некој го видел ве молам нека ми пише, објави Тамара на својот профил, а сликата од персискиот убавец ја споделија многу нејзини колеги од естрадата.

Мачето на Хана и Дарен го нема, тажна беше и Тијана.

Сепак, по бурниот живот на улица, Ари е дома, а Тамара е благодарна.

Иако Тамара често го објавува жолтоокиот Ари во друштво на нејзините деца, Ари стана славен за Нова година кога ѝ ги изеде светилките на новогодишната елка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.