Американската порно-ѕвезда, Сторми Даниелс, која тврди дека во 2006 година имала афера со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ја возбуди јавноста со изјава дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.

Во подкастот „Меа Кулпа“, Даниелс тврди дека Трамп, кој бил речиси сосема гол уште на првиот состанок, ја чекал седејќи на работ на хотелскиот кревет.

Едноставно се смрзнав и не знаев што да кажам. Тој ја соблече долната облека и се смести на работ од креветот. Стана и рече: Ова е твојата шанса. Треба да ми покажеш колку го сакаш ова или едноставно сакаш да се вратиш на животот во камп-приколка? – раскажува Даниелс.

Таа тврди дека тогаш одлучила да има сексуален однос со Трамп.

Тоа беа најлошите 90 секунди во мојот живот – вели порно-ѕвездата.

Сторми понатаму објаснува дека сè се случило со нејзина согласност и дека немало никакво вознемирување или злоупотреба.

Поранешниот американски претседател ја запознал Даниелс на натпревар за голф неколку години откако се ожени со Меланија, која му е трета сопруга.

Поранешниот претседател ги отфрли сите тврдења околу аферата со Даниелс.

Додека зборува за деталите за она што таа тврди дека се случило меѓу неа и Трамп, Сторми вели дека поранешниот адвокат на Трамп во 2016 година ѝ платил 130.000 долари, а таа се обврзала дека ќе молчи за аферата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.