Поранешен полицаец се присети на случката која се случила во 1984 година во Сремска Каменица и поврзана е со голем обожавател на пејачот.

Едно момче заминало во Белград со воз да ја купи најновата плоча од Здравковиќ бидејќи во неговото место ја немало. Радосен што ја набавил се качил на возот за назад. Но, по патот се успал и не видел кога возот застанал во неговиот град. Кога го слушнал свирчето рипнал и отишол кон влезната врата и скокнал.

Во тој момент наишол друг воз кој буквално го прегазил.Кога полицијата дошла да направи увид го видела неговото смачкано тело и кесата со новиот албум на Здравковиќ „Дотако сам дно живота“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.