Откако Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава за силување на актерката Данијела Штејнфелд поднесена против Бранислав Лечиќ, од неговиот правен тим се огласија за јавоста.

Тие велат дека за одлукаа на Обвинителството дознале од медиумите и дека ја немаат добиено официјалната одлука. Како што пишува „Мондо.рс“, веднаш откако ќе добијат официјална пишана потврда дека обвинението се отфрла, ќе излезат во јавноста со информации и докази за Даниела Штајнфелд, коишто ги собирале со месеци, а кои докажуваат дека Лечиќ не изврил силување.

Според порталот, во тимот на Лечиќ се изненадени од одлуката, којашто ја очекувале дури во септември.

Не очекувавме дека одлуката ќе биде донесена сега и позитивно сме изненадени. Штом се ќе добиеме официјално, ќе излеземе во јавноста со нови информации за Даниела, кои ја потврдуваат невиноста на Лечиќ. Не сакавме се огласуваме додека обвинителството не го каже својот став – велат за „Мондо“, од тимот на Лечиќ.

Тие велат дека во моментов не знаат кое е образложението на судската одлука, но дека таа секако е исправна.

Во меѓувреме се огласија и од Вишото јавно обвинителство од каде ги наведоа причините поради кои е отфрлено обвинението.

По собирањето на потребните известувања и собирање на сите релевантни докази во предистражната постапка, кои Обвинителството ги оценуваше и поединечно, но и во меѓусебна врска, утврдено е дека не постои ниту еден законски доказ со степен на сомневање што би ги потврдил наводите во поднесената кривична пријава. На полномошникот на оштетената му е доставен примерок од решението за отфрлање на тужбата, а доколку оштетената не е задоволна со донесената одлука, има право на благовремено поднесување приговор до Апелациското јавно обвинителство во Беград – се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство.

Како што пишува „Мондо“, постои можност да биде поведена постапка за лажно обвинение против Даниела Штајнфелд од страна на Бранислав Лечиќ, но и од државен обвинител/

Актерката Даниела Штајнфелд, прво во свој документарен филм откри дека била жртва на силување, а потоа во јавност изнесе тврдење дека ја силувал „моќник од филмската индустрија“. Неколку месеци подоцна во полиција пријави дека во 2012 година ја силувал повозрасниот колега, познатиот актер Бранислав Лечиќ.

Во март двајцата беа испрашувани во полиција во однос на обвинувањата на актерката, а Лечиќ тогаш ги негираше обвинувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.