Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва ќе се одржи седмото издание на фолк фестивалот „Прилеп фест”.

Најавено е учество на голем број на познати народни пејачи, помеѓу кои Благоја Грујовски, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски, Сања Барби, Јордан Митев, Адријана Кеш, групите Фортуна, Дрм тим, Алтернатор, Круна и други, а  Лили Семкова е  музичка гостинка од Бугарија.

Од Советот на фестивалот најавуваат богата програма и современи македонски песни од докажани автори, а публиката ќе има прилика да ужива во една преубава музичка вечер која ќе се памети долго.
Влезниците се продаваат по цена од 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.