Британската пејачка со потекло од Косово, Рита Ора ја разбесни тамошната јавност откако организираше журка за 30. роденден, прекршувајќи ги мерките против коронавирусот воведени во Велика Британија. Таа прославувала во лондонски ресторан со 30-тина гости иако се забранети секакви собирања, а земјата е во карантин.

Британците ја нарекоа Рита себична ковид-лажга.

Мислите дека за вас не важат правилата зошто сте богати и познати?, напиша еден медицински работник.

Јавноста дополнително е револтирана зошто на видеата на социјалните мрежи се гледа дека гостинка е и моделот Кара Делевињ, која пред недела дена била во Лос Анџелес, а сега е на забава, додека во Британија сè уште важи правилото за двонеделен карантин при враќање од САД.

Рита им се извинила на својте следбеници на друштвените мрежи наведувајќи дека платила казна од 10.000 долари.

Мојата одлука да направам журка беше емоционална. Се извинувам дека ги прекршив мерките и ги доведов луѓето во опасност. Сега сфаќам дека погрешив и ја преземам одговорноста во целост, вели Ора на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.