Додека целата српска јавност стравува за животот на најпознатиот српски текстописец, Марина Туцаковиќ, стигнуваат најнови информации за нејзината здравствена состојба.

Имено Марина е симната од респиратор и се чувствува многу подобро.

Марина е симната од респиратор и се чувствува многу подобро. Таа е жена која со неверојатна сила и позитивна енергија  лавовски се бори со се што и се случи. Сите се надеваат на нејзино брзо закрепнување и излегување од болница – открива извор од болницата.

Инаку Марина битката со ракот на дојка веќе долго ја бие, а нејзиниот син откри дека ракот метастазирал на црниот дроб, мозокот и коските. И покрај се, Марина не се откажува, а нејзината истрајност, позитивност и неверојатна енергија со која лавовски се бори со болеста, воодушевува многумина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.