Босанскиот фудбалер од редовите на грчки АЕК, во понеделникот и официјално се разведе од сопругата Даниела. По осум години парот го окончал бракот на мирен начин во присуство на два адвоката. Како што пишува српски „Курир“, тие решиле да останат во коректен односа поради нивната единствена ќерка, а Огнен ќе плаќа месечна алиментација од 3.000 евра.

Огнен и Даниела повеќе не се во брак. Сега се слободни и може да се посветат на нивните животи. Процесот кој траеше неколку месеци заврши во понеделник. Сè помина како што треба бидејќи двете страни се договорија дека е најдобро да не бидат во заедница. Последните месеци имаа бурен период и не можеа да функционираат како заедница, а капката која ја прели чашата, секако, беше неговата афера со Јелена Карлеуша. Даниела не сакаше тоа да го толерира и веднаш поднесе барање за развод. Сега случајот е затворен и поради детето одлучија да останат во добри односи. Се разделија на мирен начин и веруваат дека ќе фунционираат подобро отколку во заедница, вели извор близок до двојаката и додава дека Врањеш е посветен татко.

Тој додава дека работите се враќаат во нормала во животот на фудбалерот.

Врањеш потврдил дека се развел.

Точно е дека со сопругата ставивме крај на бракот. Официјално сме разведени. За разлика од некои, мојата поранешна сопруга има достоинство. Имаме прекрасно дете и ќе направиме се да бидеме во коректни односи, реко Врањеш за порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.