Тамара Грујиќ која ни стана една од омилените водителки со нејзината емисија „Во акција со Тамара“ денес прв пат стана мајка. Тамара, се породила утрото во една белградска клиника.

Инаку, Тамара минатата година имаше спонтан абoртус кој тешко го поднесе, па многумина мислат дека сега заради тоа не сака да зборува и да ги шири среќните вести за својата бременост, пишуваат српските медиуми.

-Еднаш морав да ја прекинам бременоста поради друга продукција во која тогаш почнував со работа. Денес тоа ѝ се случува на секоја втора жена и тоа остави длабок траг на мене. Во периодот на мојата прва бременост дури и помислив дека прерано се случи затоа што само што почнавме да се забавуваме“, изјавила Тамара во една прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.