Гордана Шаулиќ верува во правдата и во судот во Германија. Вдовицата на Шабан Шаулиќ, Гордана (62), се огласи по повод гласините дека Турчинот што е виновен за сообраќајната несреќа во која загина кралот на фолк-музиката исчезнал.

Гоца тврди дека судот во Германија знае каде се наоѓа Алсин Левент, осомничен за предизвикување на сообраќајната несреќа во која животот го загуби нејзиниот сопруг.

Верувам во правдата на правосудниот систем во Германија. Правосудните органи добро знаат каде се наоѓа тој, вели Шаулиќ.

Таа откри и дека нејзиното семејство е во постојан контакт со тамошното судство и дека се надеваат судењето да започне многу наскоро.

Во контакт сме со судот и имаме информација дека судењето ќе започне наскоро. Секако тој требаше одамна да започне, но важно е што тоа ќе се случи сега. Очекувам да добие максимална казна според тамошните закони, вели Гордана за српски „Информер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.