Пред неколку дена Анабела Атијас призна дека веќе месец дена е разведена од сопругаот Атанас, со кого беше во брак седум години. Српската пејачка пред камерите на „Магазин ИН“ го сподели болниот пекол кој го преживеала откако дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

Ова е првпат вака во живо да зборувам. Постои една нераскинлива врска меѓу нас двајцата иако ќе продолжиме да живееме по сопствените патишта во иднина, тој веќе започна со својот пат… Јас морам да признам дека со денови се чувствував како некој да ми умрел. Ниту еден маж не ме освојувал како тој, но сепак тоа е што е…,изјавила пејачката.

Пејачката додека сето ова го раскажувала била со насолзени очи, а гласот и треперел на секој кажан збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.