Саша Поповиќ и Лепа Брена во деведесеттите години ја посетиле познатата баба Ванѓа сакајќи да дознаат детали за нивната судбина.

Првиот човек на Гранд открил дека ја посетил пророчицата која му го кажала и датумот на неговата смрт. Како што кажува директорот на Гранд, баба Ванѓа претскажала распад на групата Слатки Грех, која во тоа време била најпозната група.

Бевме кај покојната Ванѓа. Точно тоа го кажа. Јас седев крај неа, а таа ми рече симни ги очилата. Јас и реков не носам наочари, а таа ми рече: Сега ќе те исфрлам надвор, симни ги очилата. Рече, деца ова е се убаво и прекрасно, но групава следната година нема да постои. Потоа ми го кажа целиот живот…Ај сега да не зборувам. Ми кажа се што ќе биде и како ќе биде, и се бидна како што кажа. Дури ме праша: Сакаш ли да ти кажам кога ќе умреш- рекол Поповиќ.

И ти сега знаеш се – констатирала водителката на емисијата Балканска улица.

Да!Се се случи како што кажа, ама внимавај, до ситница. За пет минути ми го раскажа животот и на крајот ми рече: Запомни што ти кажувам!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.