Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ од својата пејачка кариера и досегашните објавени седум песни, досега заработила повеќе од 500.000 евра.

Од отворањето на нејзиниот канал на „Јутјуб“ на 11 јуни 2018 година досега од овој сервис инкасирала скоро 240.000 евра, пишува српски „Курир“. Според нивните пресметки, за еден милион прегледи на Јутјуб се заработува околу 1.000 евра, а нејзините спотови се прегледани скоро 240 милиони пати.

Меѓутоа повеќе се заработува од преслушување или симнување од другите музички платформ, каде Анастасија е присутна и доста популарна. Секоја нејзина песна на овие платформи била во 100 најслушани во Србија. Цената за еден милион стримови на овие платформи изнесува од 3.000 до 3.500 евра. Како што може да се види на една од фотографиите на една од тие платформи, Ражнатовиќ има скоро 16 милиони стримови за пет песни или скоро 150.000 редовни слушатели месечно, што значи само од нив заработила 70.000 евра, анализира весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.