Пејачот Дарко Лазиќ откри дека после сообраќајната несреќа која ја доживеа, сите луѓе го осудиле.

Имено, коментарите често гласеле: Треба да оди во затвор, ги крши правилата, јавна личност е, па за него ништо не важи! Како што самиот вели, свесен е дека е крив и ако треба ќе оди во затвор.

Видов колку ме осудуваат луѓето кога излегов од затвор. Луѓето велеа, пикнете го во затвор, тој е естрадна личност, па не мора да оди. Верувајте не е проблем! Ако треба да одам во затвор, ќе одам. Самиот себеси се укакажав и самиот најмногу си направив лошо. Тоа е скапо училиште и поголема казна не ми треба – рекол пејачот во емисијата БН коктел и додал како требало да отвори ресторан во Бјелина, ама тоа се изјаловило заради короната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.