Актерката од филмови за возрасни, Кристина Лисина, со уметничко име Крис Д Фокс, починала по пад од 22. кат на зграда во Санкт Петербург.

Како што објави весникот „Московски Комсомолец“, полицијата истражува дали смртта на 29-годишната порно-ѕвезда, чие тело било пронајдено во близина на резиденцијален објект во округот Невски, е резултат на самоубиство или можеби таа била жртва на убиство.

Снимки од безбедносните камери ја снимиле Лисина како влегува во зградата јадејќи чипс, како и стравичната слика од нејзиното смачкано тело по падот пред зградата.

Актерката чии видеа имаа илјадници прегледи на платформата „Порнхаб“, неодамна им се пожалила на нејзините пријатели дека се чувствува ногу осамена, објави англиски „Сан“.

Таа сакаше да има семејство и да биде сакана – изјавил извор за весникот.

Во едно поранешно интервју, Лисина изјави дека влегла во порнографската индустрија откако не се пронашла во работата во банка.

Се преселив во Санкт Петербург од Краснојарск, работев во банка точно пет денаи сфатив дека не суј заинтересирана за тоа. Сфатив дека немам за што да разговарам со тие луѓе – изјави тогаш Лисина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.