Роберт Саздов се појавил како сведот на првото судење на колегата од „Куку леле“, Сашо Каимовски – Панки. Пред грчкиот суд во Солун, Саздов донел докази дека е познат пејач во Македонија.

Морав да однесам насловни страници, да покажам телевизиски емисии, гостувања и што ли уште не, бидејќи само спотовите од „Јутјуб“ не можеле да помогнат во одбраната на Панки, рекол Саздов во телефонскиот разговор со екипата на „Ексклузив“.

Панки беше уапсен на граничниот премин Евзони при обид за влез во Грција пред десетина дена, поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.

Повеќе детали:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.