И покрај тоа што Лепа Брена е една од најголемите ѕвезди на балканскиве простори, членовите на нејзиното семејство од Брчко во кое таа пораснала никогаш јавно не се експонирале. Пејачката во неколку наврати има зборувано за своето детство, така што публиката се запозна со фактот дека нејзиното семејство живеело скромно но удобно, и дека таткото Абид и мајката Ифета, вработени како медицински техничар и кројачка, се труделе на своите деца да им овозможат сето она што им било потребно. Лепа Брена е родена како Фахрета Јахиќ, таа е трето дете во семејството Јахиќ, родена по братот Фарук и сестрата Факета.

Факета денес има две ќерки, а таа и нејзиниот сопруг Зоран веќе две децении живееат во Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.