Легендарната југословенска пејачка на народна музика Мерима Његомир почина утрово на 68 годишна возраст.

Оваа вест за српските медиуми ја потврди низ солзи нејзината ќерка Љубица.

Точно е, изјавила кратко таа.

Мерима инаку неодамна откри дека води тешка битка со ракот.

Тогаш изјави дека не се чувствува добро, но дека не се откажува од борбата.

Здравствената состојба ми е лоша, се борам со тешка болест, големиот број на лекари и стручњаци ми даваат надеж дека ќе оздравам. Моето семејство ми е најголема поддршка и некако полесно се чувствувам кога тие се до мене, рече пејачката во една своја прилика.

Пејачката зад себе остави 25 албуми и без временски хитови кои ги памети цела Југославија.

Имаше четири деца, три ќерки и еден син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.