По бројните шпекулации за можниот развод на најмоќниот пар во светот на шоубизнисот, Ким Кардашијан и Кање Вест, се чини доаѓа и дефинитивнта потврда дека тие двајца одлучиле да стават точка на бракот, објави магазинопт „Page Six“.

Ким и Кање ја почнаа врската во 2012 година пред да се земат на гламурозна свеченост во Италија две години подоцна. Имаат четири деца, Норт (2013), Сејнт (2015) Чикаго (2018) ои Псалм (2019).

Според магазинот, неколку извори потврдиле дека „разводото е повеќе од извесен“ и дека Ким веќе го најмила моќната адвокатка за разводи, Лаура Васер, која претходно ја застапуваше Анџелина Џоли, Хајди Клум, како и самата Ким при разводот со Крис Хамфрис.

Според информациите на магазинот, Кање ги поминал празниците одвоен од Ким на неговиот ранч во Вајоминг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.