Куќната помошничка на Северина, која била во станот кога се случил грабежот, во полиција открила дека разбојниците имале албански акцент, пишува „Јутарњи.хр“.
66-годишната жена чистела со правосмукалка кога го слушната отворањето на влезната врата на пентхаусот. Мислела дека сопственичката на станот, Северина Којиќ, која пред малку излегла со менаџерот Томица Петровиќ, се вратила зошто заборавила нешто, но пред неа во ходникот се појавиле двајца непознати мажи. Тие ја собориле на подот и ја врзале со јакната којашто им била при рака.

Крадците тогаш ги собрале сите скапоцености што ги имала пејачката во станот и набргу побегнале во непознат правец. Целиот инцидент траел неколку минути, а тие собрале три кутии со вреден накит и дијаманти.

Постои сомневање дека станот на Северина бил „обележан“ и дека со денови ја следеле пејачката и чекале таа да го напушти својот дом. Крадците со спреј го испрскале видео-надзорот на зградата спроти станот на Северина, додека камерата на зградата на пејачката била под чуден агол, пренесува „Блиц.рс“. Инаку, целиот тој кварт е покриен со камери, па полицијата се надева дека снимките ќе помогнат во расветлувањето на овој случај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.