Затворските стражари за време на спроведување во затвор, кај раперот Стефан Ѓуриќ Раста, пронашле кесичка кокаин која ја сокрил во неговиот паричник.

Како што дознава српски Курир, станува збор за мала количина на дрога која стражарите ја откриле кога тој е одведен во Централниот затвор во Белград.

После сослушувањето во Вишото обвинителство, судот му одредил притвор до 30 дена и тој е префрлен во Централниот затвор. Како и кај сите притвореници кои се спроведуваат на преиемното одделение направен му е детален претрес. На запрепастување на стражарите, кесичка со бел прав откриена е во неговииот паричник- открива изворот на Курир.

Како што наведува за тоа дека раперот, кај кого претходно се пронајдени 600 грама сканк, поседува уште наркотици, веднаш е информирана полицијата.

Дрогата му е одземена и тој е сместен во групна ќелија – додава соговорникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.