Стефан Ѓуриќ Раста уапсен е во петокот, кога полиицијата кај него пронашла пет грама  марихуана, а потоа по налог на обвинителството, направен е претрес на неговиот стан во кој е пронајдена поголема количина на сканк.

Тој е сослушан пред Вишото обвинителчство во Белград, после што обвинителството му одреди притвор до 30 дена. Со него е уапсена уште една личност, кај која е пронајден кокаин. После неговото апсење испливаа бројни информации, меѓу кои и дека раперот наводно со дрога снабдувал половина естрада.

Се сомневаме дека Раста со марихуана снабдувал голем дело од естрадата. Не е тајна дека тој секојдневно дува, но многу е необично некој во стан да држи толкава количина на трева. Тие наркотици најверојатно се наменети за други луѓе, а обвителството се сомнева дека тој снабдувал половина естрада – тврди извор од истрагата.

Вишото јавно обвинителство Раста го товари со делото недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги, а извор на српски Курир раскажал дека Раста пред судијата се бранел дека околу 800 грама на сканк набавил на почетокот на септември, дека дрогата ја платил 2.000 евра и дека никому не ја дал на користење.

Раста неколку часа пред судијата давал исказ во кој до детали раскажал кога и како ја набавил дрогата, колку ја платил. Иако на многумина им е тешко да поверуваат дека 600 грама сканк, колку што отпрлика е пронајдено во неговиот дом, било за лична употреба. Раста дал свое објаснување и за тоа. Рекол дека отприлика на почетокот на септември набавил околу 800 грама сканк и дека за еден месец самиот потрошил 200 грама- рекол извор близок на раперот и открил дека наводно Ѓуриќ ни по која цена не сакал да го открие името на дилерот од кој ја набавил дрогата, иако му се заканува затвор од 3 до 12 години.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.