Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста би можел да помине до 10 години во затвор, а постои можност да помине и само со парична казна.

Имено, на раперот кој е уапсен во петокот во центарот на Белград, му се става на товар кривично дело произвоство и пуштање во промет на опојни дроги, по што му беше одреден притвор од 48 часа.

Причина за тоа е килограм дрога која била пронајдена при претрес извршен во станот на Раста. Претходно кај него биле пронајдени 5 грама марихуана.

Раста денеска треба да биде сослушан во обвинителството. Поради наведеното кривично дело тој би можел да помине во затвор од 3 до 10 години.

Со раперот бил приведен уште еден маж кај кого полицијата пронашла кокаин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.