Денес раперот Стефан Џуриќ Раста конечно излезе на слобода. Основниот суд во Белград му ја укина мерката притвор, а тој се терети за нелегално поседување кокаин за лична употреба. аа одлука ја донесе Првиот основен суд во Белград откако пред неколку дена Раста решил да признае вина и казната од една година да ја издржи во домашен притвор. Раста попладнево го напушти окружниот затвор во Белград, каде мина притвор скоро четири месеци.

Кога излегол, во раката носел црни вреќи, а на лицето имал маска. Го чекал пријател со автомобил

Сепак, она што многумина го коментираат е дека раперот, иако поминал четири месеци зад решетки, воопшто не се променил физички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.