Лепа Брена и Александра Живојиновиќ, екс Пријовиќ на сите страни се фалеа дека многу се сакаат и почитуваат, но изгледа последниот одмор беше „кобен“ за новната слога.

Имено, по повод „пензионирањето“ од продукциската куќа „Гранд“и стартувањето семеен бизнис со производство на вино, популарната пејачката ги поканила својот посинок Филип Живојиновиќ, неговата сопруга Александра и нејзината мајка Борка на егзотично патување во Дубаи и на Малдиви.

Како што пренесува српскиот портал www.alo.rs, Брена сакала да ги почести членовитена своето семејство поради заработката од 7 милиони евра од продажбата на својот дел во „Гранд-продукција“. Но, проблемот настанал кога тазе-сопружниците во последен миг дознале дека „дарежливата“ Брена нема намера да им го плати престојот во хотел, туку само авио-билетите.

На почетокот на декември, Брена ги покани Филип и Александра на семеен одмор со неа, Виктор и Боба во јануари 2020 година. Дури инсистирала и со нив да дојде и Борка, мајката на Александра. Сите мислеа дека, штом ги кани, планира да ги плати трошоците за одморот, што е и логично со оглед на фактот дека неодамна инаксира 7.5 милиони евра од продажбата на ‘Гранд’. Но еден ден пред патувањето, таа дошла кај Филип и Александра и им кажала дека треба да понесат по 5.000 евра за да ги платат хотелите.

Шокирани, ѝ кажале дека сфатиле дека таа ќе ги покрие трошоците, со оглед дека ги поканила и тоа во време кога не планирале одмор, на што Брена одговорила дека таа ги покрила нивните авио-билети во износ од вкупно 1.800 евра. Бидејќи сè било договорено и немало време за одложување на патувањето, Филип одлучил да ѝ платат на Брена за сместувањето. Но за време на одморот едвај разменувале по некој збор. И по враќањето од одморот, Филип и Александра избегнуваат средба со неа, раскажал добро упатен извор за „Ало“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.