Дарко Лазиќ имал 130 килограми и многу здравствени проблеми пред да легне на операционата маса пред десетина дена. Српскиот пејач по консултација со докторите го хируршки го смалил желудникот. Како што вели за „Блиц“, тој вече е дома и полека се враќа на секојдневниот живот.

Ако порано можев да изедам две парчиња торта, сега можам да изедам само половина парче, вели пејачот, кој се надева дека по неколку месеци ќе стигне до целта – 30 килограми помалку.

По тешката сообраќајка во октомври 2018 година, пејачот драстично се здебели. Килограмите го отежнаа неговото одење, но и дишење, а алармантно ја влошија и неговата крвна слика. Тој тврдеше дека се обидел да држи диета, но едноставно не му одело од рака.

На „Инстаграм“ неговата свршеница Марина Гагиќ ги сподели првите фотографии од Лазиќ после операцијата.

 

View this post on Instagram

 

💥 love u @darkolazarovic_official 🖤

A post shared by @ gagicmarina on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.