Во последните неколку години Аца Лукас неколкупати беше во центарот на интересирањето на јавноста со случувања од приватниот живот.

Сепак, додека деталите детално пишуваа за деталите од разводот со сопругата Соња, првата жена на Лукас, Светлана Вуксановиќ, никогаш не давала изјави за медиумите и живее сосема поинаков, повлечен живот.

Како што пишваат српските медиуми, Светлана никогаш не сакала да се експонира во јавноста, но без оглед на тоа, познато е дека нејзината љубов со Аца Лукас, била нешто посебно.

Тие двајца се запознале во основно училиште, а потоа оделе и во исто средно. Токму во тој период почнала нивната љубовна приказна. Биле првиот пар од нивната генерација што се земале и формирале семејство, а нивните деца Лазар и Милјана, денес се возрасни луѓе.

Аца и Светлана заедно поминале многу работи, но нивниот брак сепак, не опстана. Светлана во ниту еден момент не изговори ниту еден лош збор во медиумите. Таа цело врее продолжи да живее обичен живот, а последното нешто што јавноста го знае за неа е тоа дека работела во една продавница за здрава храна и дека го задржала презимето на пејачот.

Инаку, во другиот брак, со поранешната сопруга Наташа, Лукас го има синот Андреја, а во третиот, со Соња и ќерката Викторија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.