Македонската музичка сцена деновиве ќе ја добие првата професионална ПР агенција, специјализирана за музичка промоција, следење на настани, маркетинг стратегија, промоција на новио аудио и видео музички остварувања… „ПромоСтејџ“ е името на новата музичка платформа која ќе поддржува македонска музика и истата ќе ја промовира на македонскиот и регионален медиумски простор.

Македонската музика за жал е на маргините. Причини има милион, решение само едно. Не навлегуваме во тоа кој е крив што домашната музичка сцена е во пад, но сакаме да навлеземе целосно во идејата да ја вратиме онаму каде што беше… златните 90ти години и годините потота… Имаме добри артисти, музичари, групи, композитори, текстописци.. ни фали само пристојна стратегија и медиумски по агресивен настап… во доба на интернет, социјални медиуми, YouTube и традиционални медиуми немаме причини за кревање раце, велат од „ПромоСтејџ“.

„ПромоСтејџ“ покрај на интернет просторот, редовно ќе ги храни со нови музички информации и традиционалните медиуми. Новинарите од печатените медиуми, радијата и телевизиите постојано ќе бидат обезбедени со најнови информации за проектите во домашната музика… преку колегите – новинари од сите медиуми во Македонија, слушателите и гледачите ќе можат во секое време да бидат информирани што се случува во музичкиот простор кај нас.. за прв пат кај нас ќе се изработуваат и специјални стратегии за настап на музичкиот пазар на веќе оформени музички имиња, а ќе се даде простор и шанса на нови надежи…

„ПромоСтејџ“ ќе биде комплетна специјализирана музичка ПР агенција која ќе поддржува 100% премиум македонска музика. Ќе ги обединува артистите и бендовите од различни музички категории и ќе овозможи професионално следење на нивната работа… првите музички проекти се веќе во подготовка.. следуваат нови информации наскоро…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.