Принцот Хари ги пишува своите мемоари за неговиот живот во кралското семејство во Велика Британија и потоа.

Според наводите на западните медуми, Хари работи на мемоарите веќе една година и издавачот е веќе избран. Се верува дека британскиот принц ги продал авторските права на „Пенгвин рандом хаус“.

Хари, исто така, избрал и професионален консултант за овој негов потфат. Се работи за новинарот и писател Џ. Морингер, добитник на Пулицеровата награда и автор на мемоарите на тениската легенда Андре Агаси.

Ракописот ќе биде доставен до издавачот во август, но овој рок може да се одложи и за октомври, со оглед на тоа дека принцот Хари има обврски со штотуку родената ќерката Лилибет Дијана, па се претпоставува дека тој ќе сака да напише нешто и за првите месеци од нејзиниот живот.

Во неговиот првичен облик, проектот е веќе завршен.

Книгата ќе раскажува за неговиот живот од детството до денес, вклучувајќи ја и неговата служба како војник, што го однесе двапати во Авганистан.

Според познавачи, принцот Хари ќе ја искористи оваа можност за конечно да ја раскаже својата страна на историјата. Еден начин да го направи тоа, беше интервјуто кај Опра, кое според многумина, беше шокантно…

Објавувањето на идниот бестселер во најава, е закажано за крајот на 2022 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.