Дваесет и четиригодишниот Момир Луковац, натпреварувач во тековната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ вчера го загубил животот. Тажната вест први ја споделија од Здружението на поп-уметници на Црна Гора.


Тажната вест неофицијално за „Блиц“ ја потврдија неколку колеги на пејачот. Сепак, засега нема информации за причината за смртта.

Момир последен пат и се претстави на јавноста во емисија што се емитуваше во февруари оваа година.Тогаш ги отпеал песните „Проколната виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.