Пејачот Маринко Роквиќ долго се борел со болеста  и претчуствувал дека му се ближи крајот.На неколку дена пред да почине ги собрал двајцата синови и им порачал да бидат сложни, да ја чуваат мајката и да им прости ако нешто им погрешил.

Побара од двајцата да останат скромни, хармонични и секогаш да се пронаоѓаат. Посебно ги замолил да се грижат за својата мајка и да им кажат на децата како нивниот дедо ги сакал повеќе од се на светот. Потенцира дека секогаш треба да останат во добри односи со полубратот, бидејќи крвта не е вода, а на крајот на сите им останува само семејство. Им се заблагодари на двајцата што се прекрасни синови со кои се гордее и што никогаш не го посрамотиле или изневерувале. Исто така, им порача да се грижат за своите сопруги и деца и да ги научат дека семејството е најважно. Тој исто така побара од нив да му простат ако некогаш ги навредил или можеби бил премногу строг, оправдувајќи се дека тоа било со најдобра намера. Никола и Марко едвај издржаа, не сакаа да пуштат солза пред него бидејќи и тој се смешкаше додека го имаше најтешките болки, но штом излегоа од собата во која лежеше пејачот и двајцата липааа. Многу им е тешко, младиот Маринко си замина, можеше уште да живее… Сепак, судбината е сурова, а животот мора да продолжи, колку и да е тежок – раскажува изворот на Курир.рс

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.