Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша денеска имале обид за медијација во Првиот основен суд во Белград, а додека Цеца чекала  пред судницата, Јелена отишла на друга страна како не би се сретнале.

Во прашање бил обид за медијација, а двете пејачки биле сами пред судијата, додека нивните адвокати чекале надвор.

Како што дознава српски Блиц, медијацијата била поради обостраната тужба поради навреди во судницата, кои се искажани додека двете пејачки првиот пат се обидувале да се смират.

Судијата најпрво ја прашал Карлеуша дали сака да ја повлече тужбата, на што таа рекла дека „не може веќе да се суди“, а Цеца била запрашана дали се согласува на медијација.

Таа на тоа одговорила дека се согласува да ја повече тужбата, ама само за овој процес.

Во судницата и Цеца и Јелена биле согласни дека тужбите по повод овој случај треба да се повлечат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.