Српската пејачка Тања Савиќ поминува низ пекол откако сопругот Душан Јованчевиќ без нејзина согласност пред неколку месеци ѝ ги одведе синовите во Австралија и не ги враќа.

Во еден момент престанаа да ме прашуваат „Мамо, кога ќе дојдеш“, а јас постојано им зборувам „Дојдете, мама ве чека“. Сакам да им направам дом, куќа, вели очајно Савиќ за „Прва.рс“

Додала дека иако пробала на мирен начин да ја реши ситуацијата со Душан, со кого помина десет години во брак, ситуацијата ексалираше кога тој ја блокирал и веќе некое време нема контактирано со двата сина.

Мислам дека секое дете треба да е со мајка си, без разлика што јас живеам во економски послаба земја, вели Савиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.